Земјите-членки на ЦЕФТА да ги решаваат споровите по пат на арбитража зашто овој начин е многу побрз, поефикасен и поекономичен од судскиот, порачуваат експертите. Тие на вчерашната меѓународна конференција по повод 92 години од постоењето на Стопанската комора на Македонија нагласија дека е особено важно во моментот кога се склучува договорот за решавање на споровите да се ангажираат правни експерти кои добро ќе ги прочитаат одредбите и клаузулите. Во спротивно можен е каков било превид што потоа резултира со огромни финансиски загуби. Kако што рече проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд - арбитража при Стопанската комора, бројот на споровите минатата година во Македонија не бил многу голем, но квалитетот на донесените одлуки е одличен.
Земјите-членки на ЦЕФТА да ги решаваат споровите по пат на арбитража зашто овој начин е многу побрз, поефикасен и поекономичен од судскиот, порачуваат експертите.
Тие на вчерашната меѓународна конференција по повод 92 години од постоењето на Стопанската комора на Македонија нагласија дека е особено важно во моментот кога се склучува договорот за решавање на споровите да се ангажираат правни експерти кои добро ќе ги прочитаат одредбите и клаузулите. Во спротивно можен е каков било превид што потоа резултира со огромни финансиски загуби.
Kако што рече проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд - арбитража при Стопанската комора, бројот на споровите минатата година во Македонија не бил многу голем, но квалитетот на донесените одлуки е одличен.
- Лани имавме околу пет-шест спора од кои најголемиот беше девет милиони евра. Се реши за помалку од една година, но најважно е тоа што одлуката беше извршена без никакви приговори од другата страна. Се заврши и уште еден спор вреден три милиони евра. Постапката траеше не повеќе од осум месеци. И во овој случај постапката се спроведе - истакна Јаневски.
Според него, цената на арбитражата зависи од вредноста на предметот на спорот, а административната такса е 200 евра.
- Можеби се чини дека арбитражата е поскапа од судот, но тоа во никој случај не е така ако се има предвид времето за кое се завршува постапката - нагласи професорот.
Во Хрватска минатата година вкупната вредност на решените спорови по пат на арбитража била околу 30 милиони евра, а во 2012 година околу 120 милиони евра. За последните 10 години, изјави проф. д-р Михајло Дика, претседател на Постојаниот арбитражен суд при Kомората на Хрватска, вредноста достигнала 800 милиони евра.